Претпоследниот ден од работната недела поминете го во слатка пролетна комбинација составена од парчиња во неодоливи виолетови и розови нијанса. Носиме фармерки во светла боја и ги комбинираме со виолетова шик кошула на долги ракави, а за утринските часови со себе понесете ја оваа фантастична розова јакничка украсена со цветни апликации. Патиките денеска се едноставни и розови, а ранчето уникатно и несекојдневно. Секако, и денеска задолжителни се очилата за сонце со кои ќе го поминеме прекрасниот и сончев ден.

Објавено:
23 март 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
722 пати