Дојде и најсреќниот ден од неделата, а воедно и средината од истата, па време е да прославиме со шармантна комбинација во која ќе блеснете на овој сончев ден. Денеска носиме широки розови панталони – килоти и ги комбинираме со нежно џемперче во малку посветла нијанса. Комбинацијата надополнете ја со оваа слатка бомбер јакничка во бела боја со цветни апликации и прекрасни чевли на висока потпетица. Чантата е во согласност со останатите парчиња во розова нијанса, а во слична боја се и обетките кои денеска ни го разубавуваат стајлингот. Одберете некоја од овие прекрасни розови нијанси на кармин и блеснете во полн сјај оваа среда! 

Објавено:
29 март 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
922 пати