Четврток во широко здолниште и топ на риги
•
9 мај 2019
Добро утро! Нашиот денешен предлог е една женствена, а сепак шик комбинација, која може да ја носите и на работното место.
Комбинацијата е составена од широко здолниште со дискретен карнер. Искомбинирано е со горен дел на риги. Деколтето е со V- израз, а околу половината се врзува, па се добива впечаток дека имате широк ремен кој завршува со панделка.
Стајлингот завршете го со чевли, на висока потпетица или рамни, оставаме на вас, во случајов се црно-бели и чантичка.
Со оглед на тоа дека сонцето денеска нè одминува, земете си и јакна или мантил.
Имајте убав ден!