Дозволете си да уживате во последните сончеви денови од викендите пред да дојде долгата и студена зима. Доколку денеска решивте да отидете на прошетка со пријателите или пак имате некои работни обврски, одберете комбинација што ќе ви овозможи да се чувствувате поудобно од кога и да е. Носиме тренди искинати фармерки и ги комбинираме со топло џемперче со црно – бели риги и неодоливи украси во горниот дел. Комбинацијата надополнете ја со рок чизми до глужд, метално ланче и секако, неизбежните очила за сонце со животински принт. 

Чевли: Parfois

Џемперче: Guess

Ланче: Parfois

Очила за сонце: Parfois

Фармерки: Replay

Објавено:
3 октомври 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.116 пати