Иако времето надвор не ни дозволува да мислиме дека многу наскоро ќе дојде летото, ние сепак почнавме да се подготвуваме за омилената сезона.
При подготовките, решивме дека ова лето во плакарот мора да имаме чанта и чевли со неодолив летен принт, во случајов со преслатки розови фламингоси.
Чантата и чевлите можете да ги носите со што и да посакате и за било која пригода, бидејќи тие секогаш ќе бидат центарот на вниманието.
Ние ги комбинираме со искинати фармерки и нежни маички со тенки прерамки во летни бои кои ќе бидат ваш најголем сојузник во топлите денови.
Не дозволувајте облачното време да ви ги уништи плановите и фантазиите за долгото, топло лето што многу набрзо ќе дојде!
Комбинација: Fashion Group
Фармерки, маички: Mango
Чевли, чанта: Bata
Очила за сонце: Parfois