Лежерна сабота во шик принт
•
30 април 2016
Оваа прекрасна празнична сабота поминете ја во супер лежерна комбинација составена од „фраерски“ искинати фармерки во комбинација со оваа лесна кошулка со долги ракави со интересен принт. Овие чевли од Bata се дефинитивно must have за оваа сезона, па денеска слободно вметнете ги во вашата саботна комбинација. Украсете ја истата со впечатлива чанта во црно – сина боја со слатки додатоци кои ги обожаваме оваа сезона. Што се однесува до накитот, комбинацијата надополнете ја со ова колоритно ланче кое ќе биде доволно да ја украсите истата.
Уживајте во празниците!