Денеска е еден од оние денови кога не можеме да се одлучиме за конкретни парчиња од плакарот, па облакаме неколку од нив. Без двоумење, одберете си го вашето омилено здолниште со цветови и комбинирајте го со слатка кошулка со точки. Иако сосема различни, цветовите и точките заедно се едни од најдобрите комбинации било кога направени. Комбинацијата надополнете ја со црни балетанки и чанта во иста нијанса, а што се однесува до накитот, овие суптилни црни обетки се доволни за денеска. Карминот нека биде во розова нијанса!

Објавено:
18 август 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
586 пати