Окер сабота
•
3 септември 2016
Ако сте од оние што имаат слободен викенд, тогаш искористете го максимално за уживање. Токму затоа ние за денес ви предлагаме една лежерна комбинација, во која сигурни сме ќе се чувствувате слободно и пријатно.
Окер бојата е апсолутен тренд, но ако ви е многу силна да направите целосна комбинација, тогаш одлучете се само за неколку парчиња, како во нашиот случај.
Ние црните панталони со принт ги искомбиниравме со окер маичка и чанта за преку рамо во истата нијанса.
На тоа додадовме и сандали со ременчиња и црни дискретни обетки.
Ако сте љубител на часовници, тогаш дополнете го изгледот и со овој моден додаток. Нашиот е во колор-блок варијанта.
И подготвени сте за релаксиран викенд и добра забава!