Денешниот саботен стајлинг ни е во боите на есента, што веруваме ќе ви го привлече вниманието. Викендот почна, па нашиот предлог за секси, но удобна комбинација е токму овој фустан со долги ракави, што можете да го комбинирате со јакна, мантил, волуменозна плетена наметка, изборот го оставаме на вас...

Ние го искомбиниравме и со чизми до глужд во кафено-сива комбинација, што се идеални за ова врнежливо време. Од модните додатоци додадовме интересни прстени и сив шешир!

Искористете го максимално викендот и бидете забележани, а во оваа комбинација тоа ќе го постигнете. На сосема едноставен и ненаметлив начин!

Ви посакуваме незаборавен викенд!

 

Комбинација: Fashion Group

Фустан: Манго

Чизми: Бата

Шешир и прстени: Парфоа

Шминка: Елена Андовка

Објавено:
22 октомври 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
885 пати