После врнежите вчера, денес нè разбуди сонцето. Искористете ја оваа сабота максимално, а доколку агендата обврски денеска ви вклучува и средба со пријатели, некоја забава или излегување, ние ви подготвивме една совршена комбинација.

Нашиот предлог е фустан со риги, со прав крој и долги ракави, кој го искомбиниравме со интересен ѓердан, црни салонки и мала црна чанта. Но, фустанот е таков да можете да го комбинирате со многу нешта. Наместо салонки можете да одберете ниски чизми до глужд (рамни или на потпетица, изборот е ваш), да ѝ додадете на комбинацијата тексасна јакна или кожена...

Поради променливото време, ние предлагаме да си земете и чадор.

Што и да правите, ние ви посакуваме забавна сабота.

Комбинација: Fashion Group

Фустан: Guess

Чевли: Бата

Чанта: Бата

Ѓердан: Парфоа

Чадор Манго

Објавено:
26 септември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.373 пати