Шарена сабота
•
7 мај 2016
Конечно ќе одмориме од дождовите, па искористете ја оваа сабота за максимално уживање, секако дотерани.
Наш денешен предлог е фустан на предлог со принт. Доколку ги сакате фустаните на Дајан фон Фурстенберг, тогаш овој сигурно ќе ве освои. Со ретро-шик нотата и лелеавоста, ова ќе биде идеален избор за вашата денешна средба со пријателите.
Кога се модните додатоци во прашање, обувки во неутрална беж нијанса и сино-беж чанта, како и ѓердан ќе бидат доволни да го комплетирате изгледот.
Ви посакуваме забавна сабота!
комбинација: Fashion Group
фустан: Манго
ѓердан и чанта: Парфоа
сандали: Бата