Добро утро. Петок е, се надеваме дека сте во добро расположение.

Ние оваа работна недела ја завршуваме со предлог стајлинг во беж нијанси.

Комбинацијата е составена од кожено здолниште со висок струк и џемпер во истата нијанса.

На тоа се додадени високи чизми и чанта. 

Монохроматскиот изглед можете да го заокружите со капут и шал - можат да бидат во истата нијанса, ако располагате со такви парчиња, но може да се одлучите и за парче во некоја поинтензивна боја, со што ќе внесете контраст.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
24 декември 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
751 пати