Добро утро! Новата работна недела, а би можеле да кажеме и последната од оваа година ја започнуваме со топла и тренди комбинација.

Нашиот денешен предлог за стајлинг на денот е комбинација составена од џинс, топол џемпер и волуменозен капут.

Капутот е во пастелносина нијанса, но секако дека не мора да биде ист. 

Кога се модните додатоци во прашање, волуменозниот шал, чизмите до глужд и чантата, тие се во беж нијанса, но вие можете да бидете похрабри и да одберете и некоја поинтензивна боја.

Секако, ви посакуваме убав ден и уште поубава работна недела!

Објавено:
23 декември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.314 пати