Оваа работна недела ја завршуваме со малку полежерна комбинација. Денска комбинираме темен џинс со бордо топ со долги ракави.

На тоа додаваме тегет чизми до глужд и широк капут во слична нијанса со блузичката. Чантата пак, е тегет со цветови во разни бои на рачката.

Оваа комбинација е идеална за средба со пријателите по напорниот работен ден, а доколку немате строг дрес-код на работното место, можете да си дозволите полежерен петок.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
12 јануари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
829 пати