Работната недела завршува, а нашиот денешен предлог е удобна и кежуал комбинација.

Фармерките, особено оние со среден или висок струк, се едни од нашите омилени модни парчиња, а веруваме и на многумина од нив. Овие ги комбинираме со нежна блузичка со цветен принт.

На тоа додваме жолт комотен мантил и црни чизмички до глужд.

Комбинацијата ја заокружуваме со чанта во сина ниајнса со украсни детали и секако кармин.

Ако немате строг дрес код на работното место, тогаш можете да си дозволите ваков „опуштен“ петок, а комбинацијата е идеална ако после работното време продолжите некаде на средба со родителите.

Имајте убав ден!

Објавено:
2 ноември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
821 пати