За денеска ви подготвивме пролетна и светла комбинација. Нашиот предлог се тесни панталони до глужд со цветен принт.

Ги комбинираме со црвена маичка со спуштени ракави и откриени раменици. На тоа додаваме долг бел елек, па ако немате строг дрес-код на работното место, оваа комбинација може да ви послужи и како инспирација за тоа што да облечете и на работното место.

Комбинацијата ја заокружуваме со бели рамни чевли и чанта во округла форма. Очилата за сонце се цветни детали на рамките.

Имајте убав четврток!

Објавено:
17 мај 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
636 пати