Петок во џинс и кариран блејзер
•
12 февруари 2021
Добро утро. Студен петок е пред нас, но сончев, па се надеваме дека и утринава не' читате во добро расположение и здравје.
Нашиот денешен предлог е топла и слоевита комбинација.
Составена е од фармерки со висок струк и ролка во кафена нијанса. На тоа е додаден кариран блејзер исто така во кафени нијанси.
Чизми, чанта и секако капут се парчињата со кои можете да го заокружите изглед.
Ви посакуваме убав ден.