Конечно, дојде и последниот ден од работната недела и нѐ дочека со прекрасно сонце. По тој повод, денеска носиме слатко карирано фустанче со долги ракави и го комбинираме со стилска куса јакничка. Што се однесува до чевлите, веќе слободно можете да ги носите вашите омилени оксфордки на потпетица, а денеска носиме едни такви во темно црвена боја. Што се однесува до модните додатоци, надополнете ја комбинацијата со слатка шапка, стилски очила за сонце, црвен кармин и секако, супер чанта!

Објавено:
25 март 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
771 пати