Првиот ден од прекрасниот месец април и последниот од работната недела поминете го во стилска колоритна комбинација. Денеска носиме слатко пролетно здолниште со цвеќиња како апликација и го комбинираме со модерно џемперче во жолта боја. Бидејќи утрово температурите се малку пониски, комбинирајте ја и оваа слатка јакничка во розова нијанса и стилски чевлички. Што се однесува до модните додатоци, носиме жолта чанта и интересни обетки во златна нијанса. 

Објавено:
1 април 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
844 пати