Добро утро. Надвор е вистинска зима, но сонцето и фактот дека е петок веруваме дека сепак ви влеваат добро расположение.

Нашиот денешен предлог за инспирација е комбинација составена од макси фустан со цветен дезен, во комбинација со кратка кожена јакна.

Чизмички до глужд, шешир и чанта во кафени и беж нијанси се модните додатоци со кои е заокружен стајлингот.

Вие направите ваша варијанта на предлогот, во склад со вашите можности.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
24 септември 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.792 пати