Добро утро. Петок е, ние сме во добро расположение, се надеваме така е и кај вас.

Предлогот за инспирација за денеска е една полежерна комбинација.

Составена е од темен џинс со миди должина на ногавиците и долга плетена туника без ракави. Можете да додаете и кошула на стајлингот или блузичка, а можете туниката да ја носите на голо, па да додадете кратка јакна.

Изборот направете го сами според вашите можности. На крајот додадете чизми до глужд и чанта, некој дисректен накит и така заокружете ја комбинацијата.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
22 октомври 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.324 пати