Последниот ден од работната недела поминете го во супер романтична комбинација составена од неколку задолжителни парчиња за оваа сезона. Носиме темни фармерки со реси на ногавиците и ги комбинираме со најубавата кошулка со голи рамена по која полудеа светските трендсетерки. Бидејќи времето денеска е неверојатно сончево, не двоумете се и од плакарот извадете ги омилените сандали во светло сина боја. Што се однесува до накитот, го носиме хит ланчето за сезонава, овој пат во сребрана нијанса и секако, сино ранче што дополнително ќе ја разубави комбинацијата.

Објавено:
27 мај 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
408 пати