Конечно топло и сончево време во градот, а тоа значи стилска пролетна комбинација без многу парчиња. Денеска носиме шик фармерки во темна нијанса со искинати детали во долниот дел, а ги комбинираме со бела кошулка со црвени рози по површината. Утрово, комбинирајте ја и оваа црвена јакничка од превртена кожа и овие рамни црни чевли со чанта во иста нијанса. Секако, задолжителни за денеска се очилата за сонце и широката насмевка! 

Објавено:
20 март 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
679 пати