Првиот ден од работната недела поминете го во стилска комбинација составена од елегантни килоти во црна нијанса комбинирани со оваа прекрасна маичка од превртена кожа во темно црвена боја. Доколку сметате дека нема да ви биде доволно пријатно, комбинирајте со некое црно палто или јакничка за во утринските часови. Носиме и стилски балетанки со ремчиња во предниот дел, чанта во слична нијанса, како и бохо ѓердан кој денеска е центар на комбинацијата.

Имајте прекрасен ден!

Објавено:
9 мај 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
505 пати