Првиот ден од работната недела поминете го во романтично – рок издание составено од тредни фармерки комбинирани со оваа бохо кошулка со фантастичен дезен. Бидејќи и денеска се чини дека ќе уживаме во сонцето, доволна ви е оваа кожена јакна што одлично ќе се усогласи со целиот стајлинг. Одберете и чизми со висока потпетица кои супер ќе ги надополнат модерните фармерки, но и чанта во боја слична на блузичката со интересни реси. Што се однесува до модните додатоци, денеска носиме шапка во темна нијанса и секако, очила за сонце.

Објавено:
21 март 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
572 пати