Петок во сиво – црна комбинација
•
22 февруари 2019
Конечно дојде и последниот ден од работната недела, но времето денеска е малку постудено и се чини дека нема да имаме сонце.
Затоа, да се облечеме добро и да се заштитиме од студот со топли парчиња. Носиме едноставни црни фармерки и ги комбинираме со едноставна сива блузичка, а одозгора стилско сиво капутче.
Комбинацијата надополнете ја со црни чизми на висока потпетица, стилска чанта и накит во иста нијанса.
Имајте супер петок!