Понеделник во здолниште со принт + блејзер
•
21 февруари 2022
Добро утро. Пред нас е нова работна недела, последна во февруари. Ние ја стартуваме со нашата стандардна рубрика „Стајлинг на денот“ со која имаме за цел да ве инспирираме како можете да ги искомбинирате парчињата кои веќе ги поседувате во гардероберот.
Денешната предлог комбинација е составена од здолниште со принт и маичка, а на тоа е додаден бел блејзер.
Комбинацијата е заокружена со дискретен накит, голема чанта и беж чевли. Боите и принтот прилагодете ги на вашиот гардеробер.
Ви посакуваме убав понеделник.