Понеделник топла комбинација со шал ќебе
•
6 февруари 2023
Првиот работен ден во оваа студена недела го старуваме со топла комбинација. Капут во светло, крем боја, шал ќебе во слични нијанси, дополнети со црн џемпер и класичен џинс.
Шал ќебето наоѓа голема практична и естетска примена зимно време, па затоа нека биде дел од вашиот стајлинг оваа сезона.
Финиширајте го понеделничкиот аутфит со црни чизми над глужд и чанта во окер боја.
Имајте убав ден!
Фото: Pinterest