Понеделник во бело и беж
•
11 април 2022
Добро утро. Нова работна недела е пред нас, а ние ја започнуваме со стандардната рубрика „Стајлинг на денот“.
Зимата никако не сака да си оди, па затоа одберете слоевити комбинации.
Нашиот денешен предлог за инспирација е комбинација во бела и беж нијанса.
Панталоните се класични, со висок струк и ремен. На тоа е додадена плетена блуза во беж нијанса, а врз тоа долг блејзер во слична нијанса.
Чантата и чевлите се во нијанси складни на остатокот од комбинацијата.
На крај, можете да додадете и мантил.
Ви посакуваме убав старт на работната недела.