Првиот ден од работната недела поминете го во супер стилска  црно – бела комбинација составена од неколку шик парчиња. Денеска носиме плисирано црно здолниште и го комбинираме со слатка маичка во црно – бели пруги. Со оглед на тоа што и денеска се разбудивме со сончево и топло време, слободно одберете ги и вашите омилени црни сандалки во комбинација со црна чантичка. Што се однесува до накит и модни додатоци, носиме и сребрени алки кои дополнително ќе ја разубават сликата и секако, стилски очила за сонце.

Уживајте во сончевиот понеделник!

Објавено:
30 мај 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
566 пати