Понеделник во црно-бела комбинација
•
15 јануари 2018
Новата работна недела ја започнуваме во безвременската комбинација на црно и бело. Се одлучивме за црни фармерки кои ги комбинираме со бела кошула со црни точки. Во пределот на околувратникот кошулата има ленти со кои можете да врзете панделка, што ќе даде уште поженствена нота на изгледот.
Црно палто, малку полежерно, со долги и тенки ревери ќе ја направи комбинацијата деловна, но не толку строга.
На крајот додаваме црни чизми до глужд и зелена чанта со црно-бели елементи.
Имајте успешна работна недела!