Нова работна недела е пред нас, а за среќа ќе нè послужи и убавото време, па можете модно да експериментирате.

Велат црвената асоцира на радост, па одлучивме понеделничката комбинација да биде токму таква.

Нашиот денешен предлог е плисе здолниште во сива боја и со ситен кариран принт. Го комбинираме со црвена блузичка со карнери на ракавите.

На тоа ги додаваме бордо чизмите до глужд, со широка потпетица и карнери во задниот дел на обувките. 

Од модните додатоци вклучуваме и интересна чанта и дискретни метални обувки.

 Имајте пријатна и успешна работна недела!

Објавено:
16 октомври 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.027 пати