После фантастичниот и возбудлив викенд, започнуваме со нова работна недела. Нашиот денешен предлог за комбинација на денот е комбинација на урбан и елегантен стил.

Џинс со висок струк, кој ја следи убаво линијата на телото е искомбиниран со црна свиленкаста кошула со ролка. Со оглед на променливото време, црниот мантил е добредојдено парче со кое се надополнува комбинацијата.

Изгледот е заокружен со црни чевли на висока потпетица и чанта со дискретен принт.

Имајте убав ден и успешна недела! 

Објавено:
3 јуни 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.066 пати