Понеделник во фустан со животински принт
•
10 јуни 2019
Конечно лето! Иако дојде некако одеднаш, температурите се совршени за да почнеме да ги носиме омилените летни фустанчиња за кои долго време чекавме.
Денеска носиме лелеаво фустанче со животински принт и го комбинираме со рамни чевли совршени за овој период.
На фустанчето му додадовме црн ремен со кое дополнително го истакнавме, а комбинацијата ја украсивме со мини црна чантичка и црни очила за сонце.
Уживајте во денот!