СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Понеделник во кафен блејзер и кратко здолниште

7 ноември 2022

Добро утро!

Почетокот на оваа работна недела ја дочекуваме во елегантна и женствена комбинација од удобен плетен бел џемпер и кожно мини здолниште во црна боја со необичен слоевит крој. Студените есенски утра бараат дополнителен слој топлина, па за таа цел, оваа комбинација ја збогатуваме со волнен блејзер во совршена кафена нијанса која соодветствува со есенскиот шарм.

Фото: Pinterest

Заокружете го изгледот со високи кожни чизми во црна боја, очила за сонце и мала дизајнерска чанта за дополнителна софистицирана нота.

Имајте убав понеделник.

Објавено:
7 ноември 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
907 пати