За многумина идејата од повеќеслојна облека за време на студените месеци во годината предизвикува непријатно чувство. Неретко замислата која ја имаме во главата е поврзана со невкусно и неатрактивно „натрупани" слоеви парчиња облека кои ја кријат нашата силуета.
Но, воопшто не значи дека модата и стилот треба да страдаат во името на удобноста и топлината. Сè што ви е потребно е храброст и желба да експериментирате, и неколку корисни трикови кои ќе ви го променат овој став засекогаш.
1. Плетиво врз рамениците
Префрлање на шарен џемпер околу рамената е стар стилски трик што честопати ќе го забележите кај членовите на голфските клубови. Оваа сезона одлучете се за една од трендовските бои на плетиво и обидете се со овој трик со што ќе му дадете дополнителна софистицирана нота на изгледот.
2. Еко кожа
Користете парчиња од еко кожа за дополнителна топлина, без разлика дали се работи за кошула, панталони или блејзер.
3. Слоеви од плетиво
Еден од најпопопуларните трикови е несомнено наслојувањето на плетените ткаенини. На пример, на плетеното здолниште и џемпер можете да додадете уште еден џемпер преку рамениците.
4. Црна ролка
Црната ролка е идеално парче за слоевити комбинации што можете да го носите под сè,од фустани до кошули до кардигани.
5. Плетен елек
Уште еден начин да додадете дополнителен слој на вашиот изглед без да се чувствувате гломазно е да носите плетен елек над кошулата и маичката.
6. Блејзер под палтото
Дополнително загрејте се со додавање на блејзер под палтото или капутот.
7. Кардиган под блејзер
Одличен начин да се загреете е да носите волнен кардиган под омилениот блејзер.
8. Дуплирање на џемпери
Кога не сте премногу инспирирани, обидете се да носите потенок џемпер под подебел. Два џемпери се дефинитивно подобри од еден во постудените месеци.
9. Предимензиониран шал
Покрај тоа што ќе го загрее вашиот врат, предимензионираниот шал ќе го загрее и целиот горен дел на вашето тело.
10. Дуксер со качулка под палто
Можеби ви е тешко да замислите да носите дуксер на друго место освен теретана или дома, обидете се следен пат да го искомбинирате со струкирано палто и фармерки.