Есента е период кога има голема разлика во утринските и дневните температури, па единственото нешто што можете да го направите за да не ви студи наутро, а напладне да ви биде жешко е да се облечете слоевито.
Ако можеби немате доволно идеи, ние имаме неколку што веруваме ќе ви бидат добредојдени:
Џемпер + кошула
Класична и проверена варијанта. Наутро можете да го носите, а во најтоплиот дел од денот да го носите како моден додаток, околу вратот.
Плетенина на плетенина
Плетенините се ултра популарни есенва, а ако се водиме по она што го предложуваат модните дизајнери и уредници, тогаш комбинацијата плетенина на плетенина е една од најзастапените. Ќе Ви понудат топлина во утринските мигови, а секогаш можете да тргнете „еден слој“ кога ќе ви стане топло. Можете да комбинирате плетен фустан + кардиган или плетено здолниште + кошула + џемпер...
Ролка = мноштво комбинации
Ролката е одлично парче за комбинации. Можете да го комбинирате со кардигани, јакни, сакоа, долги елеци..., со што автоматски имате повеќе слоевити стајлинзи за избор. Црната и беж се најблагодарни за комбинација, но инвестирајте во која боја и да сакате, согласно вашиот стил и гардеробер.
Плетен елек + ролка/кошула
Неодамна пишувавме за тоа колку ова парче стана популарно меѓу модните блогерки и инсајдери. Во комбинација со споменатата ролка, или кошула, ќе добиете тренди стајлинг кој ќе можете да го вклопите и во лежерниот и во деловниот моден израз.
Сако/блејзер + јакна/мантил
Сакото, односно блејзерот е едно од оние парчиња облека кои секоја жена треба да го поседува во својот гардеробер. Кошула/маица/ролка + сако + јакна е една од најпрактичните есенски комбинации за повеќе пригоди.
Кардиган + сако/ ролка / кошула
Веќе го споменавме во претходните комбинации. Ако сте зимурливи, кардиганот можете да го носите и под блејзерот или во комбинација со ролка и мантил или јакна.
Широк шал
Големите, широки шалови, или шалови-ќебенца се идеални за зимскиот период. Впечатлив моден додаток се, а воедно ќе ве стоплат кога ќе е потребно. Можете да ги носите речиси со секоја комбинација. Можете да го додадете врз мантил или капут, или пак преку оделото...
Дуксер + мантил/капут
Со патент или без, без качулка или не, дуксерот се врати на модната сцена на голема врата. Со својата практичност, може да стане дел од бројни комбинации. Фармерки + маица/ролка + дуксер + мантил/капут и чизми се едни од најпопуларните есенва