Нов месец е пред нас, посакуваме да биде во знакот на доброто здравје и расположение. Воедно, за нас значи месец за ново лично модно шоу.
Ако досега не сте го сториле тоа, време е да ги извадите топлите парчиња облека, џемперите, ролките и чизмите и да размислувате за тоа како можете да ги комбинирате парчињата кои веќе ги поседувате.
Ние како и секој месец, имаме предлог како би можеле да изгледате, а вие секако ќе ги прилагодите на вашиот стил, можности и гардеробер.
Во продолжение 30 комбинации за ноември, кои се надеваме ќе ви бидат инспиративни:
џинс + блуза + долг блејзер + чизми до глужд
кожено плисирано здолниште + блуза + капут + патики
панталони со висок струк + блуза + долго сако + долг мантил
фустан + високи чизми + карирана јакна
џинс + светкава блуза + металик чизми
цветен миди фустан + високи чизми + долг топол кардиган
плисирано здолниште + ролка + кариран блјезер + високи чизми + капут + шешир
бел џинс + бела ролка + крзнен капут + бели чизми
широки панталони + бела кошула + сако-пелерина
плетен фустан + долг капут + високи чизми
панталони/хеланки + ролка + карирана топла јакна + капа + мартинки
црн џинс + бел ролка-џемпер + штепувана кратка јакна + чизми до глужд
џинс + џемпер/или долг кардиган + кошула + кариран капут + чизми во боја
тексасно здолниште + ролка + краток блејзер + чизми
карирани дебели панталони + бела кошула + кратка јакна
џинс + ролка - долг капут со крзнени детали / крзнен капут
здолниште од кадифе или сомот + кошула од тантела + џемпер
карирани килоти-панталони + кошула + џемпер + качкет
кожено здолниште + ролка + капут во пастелни нијанси + чизми во боја
плетен макси фустан + чизми + модни додатоци
тексасно здолниште + ролка + кошула + високи чизми во боја
кариран комплет од сако и здолниште + ролка/џемпер + чизми
панталони со висок струк + бела кошула + краток кардиган
широки панталони + плетена блуза/џемпер + волуменозен шал
џинс + блузичка + кратко палто
бела кошула + тиролка
џинс + ролка + кратка штепувана јакна + чизми до глужд
панталони + бела долга кошула + џемпер во пастелна нијанса + патики
тренерки + лежерен капут + патики
мини здолниште + бела кошула + блејзер + панделка