За овој прв понеделник од месец јули избравме колоритно и храбро издание.

Црвено широко здолниште е вистински погодок за убав старт на работната недела и новиот месец. Црвената боја е доминантна, а комбинацијата со розова памучна блузичка делува самоуверено и стилски префинето. Во комплет со ниски црвени штикли со ремче и црна плик чанта ќе изгледате подготвени за секој предизвик што ве очекува.

Финишираме со нежен накит на рацете и црни очила за сонце и ви посакуваме прекрасен ден!

Фото: Pinterest

Објавено:
1 јули 2024
Категорија: 
Стајлинг на денот