Добро утро. Пред нас е нова работна недела, се надеваме дека ви започна убаво. Ние пак, ја започнуваме со предлог стајлинг на ден.

Овој пат, комбинацијата е составена од миди здолниште во впечатлива пинк нијанса. Копчињата и наборите од страна ја прават уште поинтересна. Кошулата која има широки и малку „пуфнасти“ ракави е во пастелно розова нијанса. Уште повпечатлива ја прават наборите на половината, кои придонесуваат за визуелно потенок струк.

Сандали во слична нијанса како остатокот од стајлингот е изборот на обувки, додека пак мала чанта во портокалова нијанса е изборот на моден додаток. Ако ова е прехрабро за вас, можете да ја смирите комбинацијата со бела кошула на пример или чанта во неутрална нијанса.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
6 јули 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
769 пати