Понеделник во одело и маица
•
1 јуни 2020
Добро утро. Понеделник е, нов месец е. Се надеваме дека ќе ни донесе убави работи. Ние пак, стандардно започнуваме со модна инспирација, односно „Стајлинг на денот“.
Нашиот денешен предлог е комбинација кај која доминира деловната нота, но сепак не е премногу строга.
Сиво одело во случајов е искомбинирано со бела маица, односно може да биде блузичка или кошулка. Изборот на обувки се патики со црни точки, кои ја ублажуваат строгоста на оделото и ја прават комбинацијата погодна за повеќе пригоди, а згора на сè и поудобна.
Црна чанта и дискретен накит, како и очила за сонце, а ние би додале и чадор, се модните додатоци со кои можете да ја заокружите комбинацијата.
Ви посакуваме убав ден!