Добро утро. Нова работна недела е пред нас, се надеваме дека ја започнувате во добро расположение. Нашиот денешен предлог се бели панталони и елегантна кошула во впечатлива зелена нијанса.

Кошулата во горниот дел има ленти кои можат да се врзат во панделка. Челви на потпетица и чанта со контрастни нијанси се модните додатоци со кои овој стајлинг изгледа уште повпечатливо. 

Овој наш предлог може да ви послужи како инспирација за тоа како можете да изгледате на работното место, но ова совршено може да се вклопи и доколку имате некоја пригода за која ви е потребно малку поелегантен изглед.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
13 септември 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.141 пати