Добро утро. Нова работна недела е пред нас, се надеваме дека ја започнувате во добро здравје и расположение.

Нашиот денешен предлог е една летна комбинација, идеална и за работното место, но и за надвор од него.

Цветно здолниште со висок струк и должина под колена е во комбинација со класична бела кошула, комбинација со која не можете да згрешите. Тенкиот ремен уште повеќе го нагласува струкот, а е во слад со изборот на обувки, кои можат да бидат сандали или еспадрили.

Очила за сонце, дискретен накит и чанта.

 

Објавено:
13 јули 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
977 пати