Понеделник во цветно здолниште и бела кошула
•
24 јуни 2024
За денешниот летен понеделник, избравме весела комбинација од класична бела кошула која ќе ја искомбинираме со широко, цветно и колоритно здолниште.
Надополнето со кафен ремен, плетено-летна кафена чанта, и кафени сандали на дебела штикла и интересни врвки, имате изглед за храбар почеток на уште една работна недела.
Изгледот го заокружуваме со елегантни очила за сонце и дискретен накит. Имајте најубав ден.
Фото: Pinterest