Добро утро. Се надеваме дека новата работна недела ја започнувате во добро расположение и здравје. Ние ја започнуваме стандардно со рубриката „Стајлинг на ден“.

Нашиот денешен предлог е здолниште на преклоп со карнер, во беж нијанса. Во комбинација со кошула со точкаст принт и нагласени ракави е изглед кој привлекува внимание.

Рамни сандали во бела боја и чанта која ќе отскокнува од остатокот од комбниацијата се модните додатоци со кои стајлингот е заокружен.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
22 јуни 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
950 пати