Добро утро. Се надеваме дека нè читате во добро здравје и расположение. Ние денот стандардно го започнуваме со рубриката Стајлинг на ден.

Нашиот денешен предлог е фустан на точки со миди должина. Освен принтот, ова парче е впечатливо и поради волуменозните ракави кои завршуваат во карнер.

Изборот на обувки во конкретниов случај се влечки, што е супер варијанта за одмор, но исто така одлично би изгледал и со еспадрили или сандали.

Плетена чанта и впечатливи обетки и стајлингот е заокружен.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
22 јули 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
721 пати