Вторник во плетен фустан и високи чизми
•
10 март 2020
Добро утро. Денешниот ден го започнуваме стандардно со рубриката „Стајлинг на денот“, а нашиот денешен предлог е плетен фустан до колена, во комбинација со високи чизми.
Во конкретниов случај, плетениот фустан е со впечатлив дезен во предниот дел, но вие можете да одберете некој што вам ви се допаѓа.
Чизмите се во кафена нијанса, додека чантата е во темнотиркизна нијанса, што е само пример за тоа како можете една комбинација да ја направите уште повпечатлива.
Иако го нема на фотографијата, капутот е се' уште задолжително парче.
Ви посакуваме убав ден.