Првиот ден од работната недела го дочекавме со малку облачно време и пониски температури, па тоа веднаш значи дека ќе го носиме омилениот фустан на долги ракави.

Истиот е во неодолива сина боја со кариран принт, на преклоп и со акцентирани широки ракави, а со него совршено одговара сламена торба во кружна форма.

Што се однесува до обувките, носиме сандалки на висока потпетица во некоја нијанса како чантата и секако, очила за сонце што се задолжителни секој ден.

Уживајте во понеделникот!

Објавено:
24 јуни 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
601 пати