Добро утро понеделник! Првиот ден од работната недела повторно со високи температури, но тоа не мора да значи дека не можеме да се дотераме.

Денеска носиме бела тантелна кошулка со карнери во предниот дел и ја комбинираме со широки кафени панталони со висок струк.

Комбинацијата надополнете ја со лежерни сандалки по ваш избор и стилска шапка во кафена нијанса како една од омилените во летниот период.

Целото внимание денеска е свртено кон оваа шик дрвена чантичка која неодоливо потсетува на корпа за пикник, но сепак е толку модерна.

Имајте успешен старт на работната недела!

Фото: Pinterest

Објавено:
29 јули 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
622 пати