Понеделник во златна комбинација
•
31 октомври 2016
Првиот ден од работната недела ние се разбудивме со одлична инспирација, па така денеска носиме навистина женствена комбинација. Одберете црни класични панталони и комбинирајте ги со уникатна и впечатлива кошула со златна панделка и златни детали. Бидејќи утрата се навистина свежи деновиве, без проблем облечете го омиленото крзнено палто со леопард принт кое совршено се согласува со високите црни потпетици. Чантата денеска е вистински елегантна и посебна, а шминката во неутрални есенски нијанси.
Имајте успешен старт на работната недела!